Македонија
19. February 2016 - 20:03

Кинотеката на Македонија годинава со неколку проекти ќе одбележи 40 години постоење

Кинотеката на Македонија годинава сo неколку проекти ќе одбележи 40 години постоење.

Целосно ќе се реконструира покривот на Кинотеката,  и нејзиниот влезен дел каде што ќе биде сместена музејска поставка за „Вардар-филм“ и за светската кинематографија.

Кон крајот на март ќе биде промовиран и последниот, петти дел од серијалот.,,Сведоци,,.

Mинистерката за култура најави и обнова на Хавзи-пашините конаци во  Бардовци, каде што се депоата за филмови од светската кинематографија.

Три дигитално реставрирани филмови : „Хај фај“  „Татко“  и „Жед“  ќе бидат прикажани на роденденот на Кинотеката на 29 април . Во фаза на дигитализација се и шест играни филмови на режисерот Бранко Ивановски Гапо.

Во рамките на одбележување на јубилејот ќе биде организирана и ретроспективна изложба за постоењето на институцијата од 1976 до денес.