Кинотека на Македонија меѓу најдобрите арт кина во Европа
Кинотека на Македонија е прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа според блогот Spotted by locals.
На блогот се објавени водичи за 71 град креирани од локални жители кои пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.
- Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност, стои во статијата на блогот за Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска.
Останатите Европски арт - кина може да се видат на http://www.spottedbylocals.
Ново на Сител
-
Бесими: Евроинтеграциите ќе го забрзаат економскиот раст
-
За викендите во Србија сите кафулиња, ресторани и трговски центри ќе работат до 14 часот
-
Србија прва во Европа по бројот на граѓани кои ја примиле втората доза од вакцината
-
Мицкоски: Им честитам на МАНУ за одлуката да одбијат да го променат името
-
ВО ЖИВО: Пресуда за Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Таргет-Тврдина“
-
Почина првиот светски шампион во традиционално карате Сенсеи Луис Ватанабе 9 дан
-
Претрес во Битола, запленета дрога
-
16 годишник со „БМВ Х6“ без возачка го прегазил хирургот Ѓорѓи Јота