Свет
3. January 2019 - 11:14

Кинезите слетаа на темната страна на Месечината: Човештвото првпат пристигна овде, погледнете како изгледа

Кинескиот модул за проучување на темната страна на Месечината „Чанге 4“ успешно слета на темната страна на Месечината, што беше прво успешно меко слетување на темната страна на природниот сателит на земјата во историјата на човештвото, соопшти Централната кинеска телевизија.

„Денот 3. јануари во 10 часот и 26 минути по кинеско време (3 часот и 26 минути по средноевропско време) вселенскиот брод „Чанге 4“ успешно слета на темната страна на Месечината, соопшти телевизијата.

 

 

„Чанге 4 “ е вселенски брод кој се состои од стационарната лунарна станица и лунарниот ровер и успешно е лансиран на 7. декември со космодромот „Сичан“ во југозападната кинеска провинција Сичуан.

Кинеската лунарна мисија е наречена по митската божица на Месечината и вклучува три фази: орбитирање, слетување и враќање на Земјата. Првата и втората фаза веќе се успешно изведени.

 

 

Темната страна на Месечината не е видлива од Земјата. Со оглед на тоа што месечевиот период на ротација околу земјата и ротацијата околу сотствената оска се еднакви, во секој момент може да се набљудува само едната Месечева хемисфера. Првата фотографија од темната страна на Месечината е снимена на 7 октомври 1959 година од советската станица „Луна 3“, но до денес ниту еден вселенски брод од Земјата не слета на неа.