Кинеските вакцини против Ковид-19 би биле достапни во ноември
Вакцините против новиот коронавирус што се развиваат во Кина би можеле да бидат достапни за јавност во ноември, изјави претставничка на кинескиот Центар за контрола и спречување на болести (ЦДЦ).
Кина има четири вакцини против Ковид-19 што се во завршна фаза на клиничко испитување, најмалку три од нив се понудени на најизложените служби.
– Третата фаза добро се одвива и вакцините би можеле да бидат готови за јавност во ноември и во декември, изјави експертката за биобезбедност во ЦДЦ, Гуижен Ву.
Таа додаде дека не почувствувала никакви абнормални симптоми во изминатите месеци откако примила експирементална вакцина во април, без да ја наведе вакцината.
Кинеската државна фармацевтска компанија „Синофарм“ и „Синовак биотеч“ развиваат три вакцини во рамките на државната програма, додека четвртата ја развива „КанСино биолоџикс“, чија употреба во кинеската армија беше одобрена во јуни.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите