Македонија
25. February 2021 - 12:55

Кинеските вакцини ќе доцнат - Британскиот сој ги полни болниците низ земјава

На само три дена пред истекот на месецов, сеуште нема точен  датум кога ќе пристигнат кинеските вакцини и дозите на Фајзер. Иако се најавуваше дека  во февруари ќе има вакцини од различни производители и ќе биде месец на имунизација,  минисетрот Филипче вели дека сеуште се комплетира техничката документација за набавка на вакцините и дека во следниот период ќе се знае кога тие ќе пристигнат.

тоа е нешто што секојдневно произлегува од комуникацијата некој дополнителни документи и тоа произлегува од секојдневната документација и денеска исто ќе продолжи се надевам дека во следните денови ќе имаме и конкретните датуми но засега остануваме само со тие интензивни разговори со предстванциите од двете компании, рече Филипче

Во меѓувреме расте бројот на новозаболени и хоспитализирани. Но според  Филипче тоа главно се должи на британскиот сој, кој е присутен во 70 проценти од новите случаи. Уверува дека засега нема простор за паника. Слободни места во болниците има, но ако дојде до влошување на состојбата не се исклучува можноста од нови заштитни мерки.

Со вчерашните над 700 нови случаи бројот на новозаболени во земјава надмина 100 илјади.