Бизнис
25. November 2015 - 16:08

Кинеските компании ќе се шират кон Источна и Централна Европа, на самитот присутни и македонски компании

Кинеските комапнии ќе се шират во Источна и централна Европа. Веќе е формиран фонд од околу 5 милијарди долари кој може да биде зголемен, а ќе се користи за инвестиции во овој регион. На економско – трговскиот самит во кинескиот град Суџоу присутни се над 1000 фирми од Европа и Кина, а макеоднскиот бизнис сектор предводен од ССК меѓу нив ги бара потенцијалните партнери.

- Се надевам дека македонските компании ќе ги искористат конекциите кои што ги воспоставивме за време на форумот и дека секако ќе произлезат конкретни проекти особено во оној дел каде што македонските компании ќе ги пласираат своите производи на кинескиот пазар и исто така од трансфер на знаење, размена на искуства и се она што е потребно за подобрување на соработката со Кина, изјави Арсовска.

Кинескиот премиер вели дека тамошните компании се подготвени за влез во Европа, а ги повика и европските компании  да вложат во големиот кинески пазар.

- Во нашата публика денес имаме големи компании, и се надевам дека бизнис лидерите од Централна и Источна Европа ќе постигнат договори со нивните кинески партнери и облици на соработка од сите видови. Се надевам дека инвестициите на кинеските компании во Централно и Источна Европа ќе растат најмалку двојно. Јас денес им посакувам добредојде на компаниите од вашите земји, и ги повикувам да инвестираат тука во Кина. Вкупниот обрт на кинеските компании во Централна и Источна Европа достигнуваа до 40 проценти од вкупниот обрт на Кина во Цела Европа, истакна  Кечианг.

Македонија е отворена за кинекси инветсиции, вели премиерот Груевски. Таа е првата земја која постигна договор за парите од кинескиот државен фонд за поддршка на инфраструктурните прокети во Централна и Источна Европа.

„Веруваме дека секоја држава, независно од големината на нејзината територија или население, може да го пронајде своето место под сонцето  на глобалната економска сцена. Република Македонија веќе ја препозна и прифати можноста понудена од страна на Владата на Република Кина за финансирање  инфраструктурни проекти во рамките на формираниот кредитен фонд со„Варшавската иницијатива. Македонија е првата држава којашто потпиша конкретен договор за искористување на дел од предвидените средства за овој регион, имплементирани во изградбата на двете нови автопатски делници кои во моментов се во фаза на изградба“., изјави прмеиерот  Груевски

На форумот во Суџоу присутни се повеќе макеоднските компании здружени во ССК, а во владината делегација предводена од прмеиерот груевски се и вицепремиерот Пешевски и заменикот за економија Делев.