Кинескиот претседател Си се консултираше со Трамп пред севернокорејскиот самит
Кинескиот претседател Си Џинпинг изрази надеж дека најавената средба меѓу лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Џонг-ун ќе се одржи што е можно поскоро. Си денеска телефонски разговарал со Трамп при што побарал двете страни на претстојната средба да покажат добра волја и да се воздржат од чекори кои може да ја влошат стабилноста на Корејскиот полуостров, јави новинската агенција ДПА.
Трамп ја шокираше американската јавност кога најави дека прифатил средба со Ким, додека во исто време Северна Кореја се согласила да ги запре своите ракетни проби. До неодамна Трамп и Ким си разменуваа закани за нуклеарна војна, откако Северна Кореја изврши неколку ракетни проби во кои нејзините проектили ја надлетаа Јапонија.
- Верувам дека, доколку двете страни се држат до општата цел да се постигне политички и дипломатски договор, сигурно ќе го придвижиме Корејскиот полуостров во насока која меѓународната заедница долго ја посакуваше, соопшти кабинетот на кинескиот претседател по телефонскиот разговор со Трамп.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите