Кинескиот премиер вети поголемо отворање на националната економија
Кина, уште пошироко, ќе ја отвори својата национална економија, најави денеска кинескикот премиер Ли Кечијанг.
Тој прецизираше дека националната индустрија ќе биде целосно отворена за странска конкуренција, со подобра заштита на интелектуалната сопственост.
- Кина никогаш нема да се стреми кон експанзија и хегемонија во светот, посочи Ли на прес-конференцијата по повод крајот на годишната сесија на кинескиот Парламент.
Што се однесува на најавените зголемени царински давачки при увоз во САД, Ли потенцираше дека Пекинг не сака трговска војна со Вашингтон. Тој вели дека Кина ќе преземе мерки за постигнување побалансирани трговски врски со САД.
- Пекинг не сака голем американско-кинески трговски дефицит, рече Ли, додавајќи дека Кина се надева оти САД ќе ги укинат извозните ограничувања на Кина за висока технологија.
Ли, исто така, најави дека Кина ќе продолжи да го редуцираа соодносот межу долгот и БДП и додаде дека земјата е способна да ги предвидува финансиските ризици.
- Основите на кинеската економија се здрави, а финсискиот систем е стабилен, заклучи Ли.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право