Свет
1. March 2018 - 12:27

Кинески тајкун приведен поради корупција

Кинескиот тајкун и директор на компанијата ЦЕФЦ Чајна Енерџи, Је Јианминг е приведен на сослушување.

Кинеските медиуми јавија дека тој е уапсен на 16 февруари по наредба на кинескиот претседател Си Џинпинг, а во рамките на кампања против корупција.

Је ја сонова нафтената компанија ЦЕФЦ во 2002 година и се смета за еден од најуспешните претприемачи, а од 2015 година компанијата почна да купува фирми кои се занимаваат со енергетика на Блискиот Исток, Африка и Европа.

Минатата година компанијата договори купување на 14,6 проценти од руската компанија „Розњефт“ за девет милијарди долари, а таа трансакција требало да се заврши во првата половина од годинава.