Живот
14. September 2017 - 10:59

Кинески полицаец го запре сообраќајот за да спаси маче

Сообраќаец од кинескиот град Путјен, истрча на улица полна возила, само за да спаси мачето кое сакало да ја прејде улицата.

На видеото што за кусо време стана хит на интернет, се гледа како возилата застануваат додека белото маченце се шета по улицата и во еден момент, полицаецот по име Јухе Тан притрчал, го зел в раце и го тргнал од улицата.

Социјалните мрежи се преполни со пофални коментари за херојскиот потег.