-->
-->
Кинески амбасадор во Москва: САД главен двигател на кризата во Украина
-->
Кина денеска ги нарече Соединетите Американски Држави „главен двигател“ на кризата во Украина.
Кинескиот амбасадор во Москва Џанг Ханхуи во денеска објавеното интервју за руската новинска агенција ТАСС го обвини Вашингтон дека „ја турка Москва во агол, со постојаното проширување на НАТО и со поддршка на силите што сакаа Украина да ја приближат кон ЕУ, а не кон Москва“.
„Како иницијатор и главен двигател на кризата во Украина, Вашингтон истовремено воведе санкции без преседан против РУсија и испрати оружје и друга воена опрема во Украина“, вели Џанг.
Според кинескиот амбасадор, крајната цел е да се истроши и разбие Русија со долготрајна војна и санкции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот