Фудбал
24. March 2016 - 15:39

Кинеската Влада нуди "суво злато" на Ибрахимовиќ за да заигра во Супер Лигата

Напаѓачот на француски ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ би можел да добие неверојатна понуда од 75 милиони евра годишно од кинеската Влада доколку заигра во Супер Лигата.
 
Шведскиот интернационалец најверојатно ќе ги напушти редовите на францускиот првак на крајот од оваа сезона, а италијанскиот часопис Ла Република пренесува дека кинеската Влада му понудила неверојатна сума на фудбалерот.
 
Не е јасно за кој тим би требало да игра Ибрахимовиќ, но ваквиот чекор на Владара добил подршка од секретарот на комунистичката партија, пренесува Фудбал Италија.