Македонија
28. January 2016 - 16:36

Кинеската риба во Охридското езеро не е опасна

Кинеска риба Толстолобик за прв пат откриена во водите на Охридското езеро. Станува збор за неафтохтон  вид на риба уловена на три локации кај Даљан ,Радожда и Пештани.

И додека едните стравуваат за последиците доколку почне природно да се размножува, научниците тврдат дека нашето езеро е такво кое недоволува да се развиваат видови кои понатаму би можеле да направат штета на останатите риби каков што беше примерот со калифорниската пастрмка и кинескиот крап кој се уште го има во езерото.

Кинескиот Толстолобик во Македонија го има во Тиквешкото и Крушевското Езеро и други акумулации, и не е опасен за охридската пастрмка по која е препознатливо Охридското Езеро.

Во Охриското езеро има 7 неафтохтони видови риба . Останува надлежните институции да направат анализи и да се достават предлог мерки за заштита на езерото.