Свет
8. December 2024 - 12:56

Кинеската и руската амбасада остануваат отворени во Сирија, бунтовници упаднаа во иранската амбасада

Кинеската и руската амбасада продолжуваат да работат во Сирија, додека иранската амбасада во Дамаск беше нападната од бунтовници. Во меѓувреме, персоналот на ирачката амбасада е евакуиран во Либан.

Кинеската влада објави дека им помогнала на своите граѓани да ја напуштат Сирија и побара од сириските власти да осигураат безбедност за кинеските институции и персоналот.

Портпаролот на руската амбасада изјави дека нивниот персонал е „добро“, но не откри детали за нивната локација.

Бунтовниците, кои викендов го зазедоа Дамаск, го нападнале иранскиот дипломатски комплекс, јави иранската телевизија Прес. Истовремено, ирачките власти потврдија дека евакуирале својот персонал, без да наведат детали за причините.