Свет
23. December 2019 - 13:27

Кина: „Вселенските сили“ на САД се закана за мирот и безбедноста во вселената

Кина денеска оцени дека новоформираните воени  „Вселенски сили на САД се „директна закана за мирот и безбедноста во вселената“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Генг Шуанг, изјави пред новинарите дека Кина е „длабоко загрижена поради тоа и остро се спротивставува“.

– Тие активности на САД се сериозно кршење на меѓународниот консензус за мирно користење на вселената, поткопување на глобалната стратешка рамнотежа и стабилност, и претставуваат директна закана за мирот и безбедноста во вселената, изјави Генг.

Вселенската програма на Кина брзо се развива откако ја испрати својата прва   мисија во вселената во 2003 година.

Во извештајот во февруари, Пентагон нагласи дека Кина и Русија почнуваат силно да развиваат технологии што можат да им овозможат да ги нарушат или уништуваат американските и сојузничките сателити во случај на криза или конфликт.

Во 2007 година, Кина изврши ненајавен ракетен напад врз еден од своите неисправни сателити, создавајќи огромна количина на вселенски остатоци.

Генг ги отфрли таквите грижи, велејќи дека тоа се неосновани контра-обвинувања кои само ги оправдаа дејствата на САД. Тој рече дека Кина е постојано против „вооружување на вселената“ и дека треба да се усогласат меѓународните договори за тоа.

-Се надеваме дека меѓународната заедница, особено големите сили, ќе усвојат претпазлив и одговорен став за да спречат просторот да стане ново бојно поле и да работиме заедно за одржување траен мир во вселената, рече тој.

Американската војска гледа на формирање на „Вселенските сили“ како одговор на потребата за поефикасно организирање на одбраната на американските интереси во вселената, особено сателитите за навигација и комуникација.

„Вселенските сили“ не се планира да испраќаат борбени трупи во вселената, ниту пак постои намера за тоа.

САД во првата година издвоија