Свет
29. јуни 2020 - 11:15

Кина воведува реципрочни визни ограничувања за Американците

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска ја информира јавноста дека воведува визни ограничувања за американските граѓани кои „се однесуваат непримерено“ во однос на Хонг Конг, откако Вашингтон истото тоа го најави за одредени кинески функционери.

Портпаролот на Министерството, Џао Лианг, изјави дека Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во кинеските внатрешни работи во врска со ситуацијата во Хонг Конг и предупреди дека Пекинг ќе реагира со остри контрамерки доколку Вашингтон продолжи со своите активности, пренесуваат британските медиуми.

САД во петокот ги објавија визните ограничувања за сегашни и поранешни функционери на кинеската Комунистичка партија (ККП) за кои се верува дека се одговорни или се соучесници во наводното поткопување на високиот степен на автономија или на човековите права на Хонг Конг.