Бизнис
14. February 2018 - 13:34

Кина воведува антидампинг царини на американски хемикалии

Кинеските власти најавија антидампинг мерки против американските хемиски компании, поради продажбата на хемикалијата стирен која се користи за производство на синтетички материјали и пластика.

САД, Јужна Кореја и Тајван понудиле стирен на кинескиот пазар кој е од пет до 10 проценти под вообичаените пазарни цени, што Кина го протолкува како дампинг пракса и обид да им се наштети на кинеските производители. Кинеското Министерство за трговија соопшти дека со ова им е нанесена сериозна штета на кинеските компании и почна да бара од странските извозници да остават средства како залог, кои ќе бидат повлечени доколку биде донесена и официјална одлука за воведување давачки.

По изборот на Доналд Трамп за претседател, САД и Кина се во трговска војна, во чии рамки двете држави отпочнуваат истраги и упатуваат критики кон трговските постапки на другата држава.