Свет
16. February 2016 - 18:09

Кина, трговијата и терористичките закани, главна тема на Самитот САД-АСЕАН

Односите со Кина, трговијата меѓу САД и земјите од Југоисточна Азија и спречувањето на заканите од тероризам се темите кои доминираа на дводневниот Самит меѓу САД и десетте држави-членки на АСЕАН, како и на билатералните средби на учесниците на собирот.

Првите анализи укажуваат дека се потврдуваат претпоставките дека спорот на Кина со четири држави од АСЕАН околу сувереноста над Јужното Кинеско Морем домаќините ќе го наметнат како топ тема.

Меѓутоа, во југоисточна Азија е помал број на државите подготвени да потпишат декларација со која Кина би се обвинила за узурпитрање големото и важно море на кое Пекинг посакува речиси целосен суверенитет. Во ноември лани, државите од АСЕАН одбија да отпишат заедничка декларација за која се залагаше Кина.

САД, споредено со економската размена меѓу Кина и АСЕАН се помалку значаен партнер во економската соработка со групацијата во која во 10 држави има над 630 милиони жители. Во последните десетина години местото на САД и Јапонија во размената во регионот го заземаа Кина, Русија и ЕУ. Со раст од пет отсто во однос на 2014 година, вкупната размена меѓу САД и членките на АСЕАН изнесувала 226 милијарди долари.

Од состаноците на кои покрај американскиот претседател Барак Обама учествуваат и лидерите на Индонезија, Малезија, Брунеи, Сингапур, Филипините, Виетнам, Лаос, Камбоџа, Мјанмар и Тајланд, не излегуваат пошироки информации како САД и АСЕАН ќе соработуваат во борбата против тероризмот.

Регионот на југоисточна Азија, особено југот на Филипините, Малезија и Индонезија се соочени со сериозни закани за терористички актиности, дури и најави на прогласување „калифати“ по уренек на оној што го прогласи исламистичката група Исламска држава во Ирак и Сирија.