Свет
21. July 2017 - 10:49

Кина: При експлозија во ресторан загинаа две лица

Најмалку две лица загинаа, а 55 се повредени во денешната експлозија што се случи во ресторан во кинескиот град Хангџо.

Дванаесет од повредените се со тешки телесни повреди.

Се претпоставува дека причина за експлозијата е истекување на плин.

Во Кина често се случуваат експлозии поради непочитување на безбедносните правила.