Кина предупредува дека предложената забрана за ТикТок ќе „наштети“ на САД
Пекинг денеска предупреди дека предложената забрана за апликацијата за споделување видео, ТикТок, во кинеска сопственост, „неизбежно ќе има контраефект на штета на Соединетите држави“.
Претставничкиот дом на САД денеска треба да гласа за нацрт-законот со кој апликацијата ќе ја принуди да ги прекине врските со кинескиот сопственик или ќе се соочи со забрана во САД.
Пред гласањето, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ја осуди предложената забрана.
- Иако Соединетите Држави никогаш не пронајдоа докази дека ТикТок ја загрозува американската национална безбедност, тие не престанаа да го уништуваат ТикТок. Овој тип на насилно однесување што не може да победи во фер конкуренција ги нарушува нормалните деловни активности на компанијата, ја нарушува довербата на меѓународните инвеститори во инвестициското опкружување и му штети на нормалниот меѓународен економски и трговски поредок, додаде тој.
Тој предупреди дека на крајот тоа неизбежно ќе им наштети на самите САД.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите