Loading Video...
Свет
14. April 2020 - 17:31

Кина почнува со клиничко тестирање на луѓе на две експериментални вакцини против корона вирусот

Кина почнува со клиничко тестирање на луѓе на две експериментални вакцини против корона вирусот. Како што јавуваат локалните кинески агенции, на развојот на вакцината работи државата фармацевтска групација.
Вакцината е развиена од кинеската академија за медицински науки но нема информација кога би можело да се очекува нејзината масовна употреба.
Во меѓувреме, вакцина против корона вирусот на луѓе тестира и американски прозиводител на лекови.

Потпретседателката на Европската Комисија Маргрета Вестагер ги предупреди земјите членки на Европската Унија да почнат да ги откупуваат акциите на своите домашни компании за да спречат нивно преземање од страна на Кина.
Таа предупреди дека финансиската криза предизвикана од корона вирусот значително влијае на намалување на цената на европските компании што ги прави привлечни за преземање.
Кина која прва објави победа над вирусот не го крие својот интерес за аквизиции во Европа а што е уште поважно, за тоа има обезбедено и пари.
Надворешните директни инвестиции на оваа земја растат особено во бизнисот кој бара повисоки технологии, иако Кинезите немаат проблем и со инвестиции во инфраструктура.

По речи си еден месец карантин Италија од денеска почнува со редукција на рестриктивните мерки воведени поради корона вирусот. Во земјата во која беа регистрирани над 20.000 жртви од денеска почнуваат да работат продавниците за прехрамбени продукти, книжарниците и продавниците за облека.
Граѓаните остануваат дома најмалку до 3 мај, а потоа ќе бидат обврзани на улица да излегуваат само со заштитни маски, ракавици и задолжително да носат гел за дезинфекција.
Одредени региони во Италија најавија дека ќе дозволат да се слави денот на ослобдувањето на земјата на 25 април, а граѓаните ќе можат за 1 мај да прават скара но исклучиво на приватен имот и во друштво само на членови од семејството.
Повеќе од 60 милиони граѓани на Италија веќе од еден месец се под мерки на општ карантин, кои се продолжени до 3-ти мај, по што се очекува поголема слобода на движење.