Кина почна со воени вежби во време на посета на американски официјален претставник на Тајван
Кина почна денеска борбени воени вежби во близина на Тајванскиот теснец, во истиот ден кога висок американски официјален претставник почна средби на високо ниво во Тајпеј.
Пекинг со зголемена загриженост го следи се поблискиот однос меѓу Тајпеј и Вашингтон и ги засили воените вежби во близина на островот, вклучително и дводневните масовни вежби за воздух и море од минатата недела.
Портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Рен Гуокианг изјави дека вежбите, за кои тој не даде детали, се одвиваат во близина на Тајванскиот теснец и во нив е вклучена источната команда на армијата.
– Тие се разумна, неопходна акција насочена кон моменталната состојба во Тајванскиот теснец и кон заштитата на националниот суверенитет и територијалниот интегритет, рече Рен, додавајќи дека Тајван е целосно внатрешна кинеска работа што не толерира мешање од странство.
Кинеската најава следи во момент кога американскиот потсекретар за економски прашања Кит Крач ја почна својата прва целодневна посета на Тајван тивко, без отворени настани во медиумите.
Државниот потсекретар на САД, Кит Крач ќе престојува во тридневна посета на Тајван, автономен остров за кој Кина смета дека е нејзина територија.
Крач ќе се сретне со тајванската претседателка Цај Ингвен и други високи тајвански претставници, соопшти денеска тајванското Министерство за надворешни работи.
Потсекретарот на Стејт департментот за раст, енергетика и животна средина е највисокиот службеник на таа институција кој го посетил Тајван во последните неколку децении.
Односите меѓу САД и Тајван беа официјално прекинати во 1979 година, но тие се уште се одржуваат неофицијално.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка