Кина нема да учествува во руско-американските преговори за нуклеарно разоружување
– Кина никогаш нема да се приклучи на разговорите со Руската Федерација и Соединетите Американски Држави за нуклеарно разоружување, изјави пензионираниот генерал-мајор и директор на Центарот за кинеско-американски односи во Академијата за воени науки при Народноослободителната војска на Кина, Јао Јунжу на меѓународен форум во Пекинг.
– Мислам дека Кина никогаш нема да се согласи да се приклучи на трилатералните разговори за разоружување со Русија и САД, бидејќи имаме различни големини (нуклеарен арсенал). САД и Русија имаат огромен арсенал, а Кина има мал арсенал, рече Јао Јунџу на маргините на експертската конференција за ова прашање во Пекинг.
Според неа, во такви услови, приклучувањето кон трипартитниот договор со Русија и САД нема да биде целосно фер кон Кина.
Во исто време, таа нагласи дека Кина строго се придржува до политиката на неупотреба на нуклеарно оружје и таа политика не може лесно да се промени.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата