Кина нема да го објавува бројот на заразени со Ковид-19
Кинеската Национална здравствена комисија од денеска престанува да го објавува бројот на асимптоматски случаи, бидејќи многу жители повеќе не се тестираат, но бројот на заразени со коронавирус силно расте и тешко е да се обезбедат точни податоци за вкупниот број на заразени.
Епидемијата на ковид експлодира во Кина, но вистинската скала е „невозможна“ да се утврди, соопшти Министерството за здравство, бидејќи тестовите повеќе не се задолжителни како дел од одговорот на Владата на протестите поради наметнатите ограничувања што ги има населението.
Градот Пекинг и неговите 22 милиони жители беа особено погодени од бранот зараза, а ваквата состојба е сосема нова во главниот град поради пандемијата која забрзано се шири последните денови.
Кинеската вицепремиерка Сун Чунлан рече дека бројот на заразени луѓе „брзо се зголемува“ во главниот град.
Многу жители на Пекинг на социјалните мрежи известуваат дека се заразени, а некои компании известуваат дека 90 отсто од нивниот персонал е заразен.
Минатата недела Кина драстично ги олесни санитарните ограничувања против Ковид, со што претходно се обиде да го ограничи бројот на заразени и починати.
Светската здравствена организација предупреди дека Кина може да се соочи со „многу тежок период“ поради можен бран на инфекции, една недела откако почна да ја релаксира политиката на „нулта толеранција на Ковид-19“.
-Секогаш е многу тешко за која било земја да излезе од ситуација во која имаше многу строги контроли, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на вчерашната прес-конференција во Женева.
Ново на Сител
-
Зоолошката не треба да биде партиски обоена! | Ѓорги Галетановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 058
-
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот задржана на 1,75 отсто
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата