Свет
28. September 2017 - 14:01

Кина нареди затворање на севернокорејските компании во земјата

 

Властите во Пекинг им наредија на севернокорејските компании во Кина да ги прекинат своите дејности во рок од 120 дена, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Како што јави ДПА, мерката е преземена како одговор на ракетните и нуклеарните тестирања извршени од Пјонгјанг, а согласно неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН. 

- Соработката меѓу кинеските фирми и севернокорејските компании и поединци треба да престане, се наведува во соопштението.

Кина е најголемиот сојузник на Северна Кореја во последните години, но е под постојан притисок, особено од САД, да го заостри односот кон Пјонгјанг.