Свет
10. August 2019 - 14:29

Кина на удар на силен тајфун: Брише ветер со брзина од 187 км/час, откажани стотици летови, населението евакуирано

Најмалку 13 луѓе настрадаа, а 16 исчезнаа во свлечиште по налетот на тајфунот „Лекима“ на истокот од Кина. Поради силниот тајфун се евакуирани милион луѓе и откажани се повеќе стотици летови.

Тајфунот Лекима рано утрово ја зафати источната провинција Џејијанг со удари на ветрот и до 187 километри на час, иако ослабе зошто првобитно беше означен како „супертајфун“.

Бурата се движи кон северозапад и постепено слабее.

Поради бурата се откажани 625 летови во Пекинг, шангај, Гуангфу и Ченгду. Во прекин делумно е и железничкиот сообраќај.

Од Шангај се евакуирани повеќе од 250.000 луѓе, а од провинцијата Џејијанг 800.000. Околу 2,72 милиони домаќинства во таа провинција останаа без струја бидејќи ветрот ги урна далекуводите.

Kurir.rs/Tanjug