Свет
5. March 2021 - 18:57

Кина може до јуни да произведе вакцини за 40 отсто од граѓаните

Кина има капацитети за производство на вакцини против Ковид-19 кои би можеле да бидат доволни за снабдување дози за 40 отсто од населението до средината на оваа година, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Гау Фу.

Производствените капацитети на земјата би можеле, исто така, да бидат доволни за до почетокот на 2022 година да се овозможи вакцинација на 70-80 отсто од 1,4 милијарди жители.

– Таа можност постои, истакна Гау, додавајќи дека тоа е негова лична проценка како научник.

Во Кина до крајот на минатиот месец се дадени повеќе од 52 милиона дози. Одобрени се четири домашни вакцини.