Свет
5. April 2020 - 13:13

Кина ќе има вакцина против Ковид-19 околу крајот на јуни

Шефот на кинескиот експертски тим во Србија, доктор Пенг Џичианг изјави дека најефикасна заштита од коронавирусот е маска и најави дека Кина би можела да има вакцина против Ковид-19 околу крајот на јуни.

Доктор Пенг, кој работи во Центарот за контрола на заразни болести на провинцијата Гуангдонг, истакна дека коронавирусот може да се уништи по еден час изложеност на температура од 56 степени, а најлесно може да се пренесе во првите два до пет дена од појавата на болеста.

Тогаш вирусот е и најопасен, рече д-р Пенг во интервју за списанието „Одбрана“.

Најефикасна мерка за заштита од коронавирусот е маска, вели д-р Пенг.

– Носете маски. Само маски. Кога носите маска, тоа е еден од најефикасните методи на заштита, истакна тој.