Свет
24. December 2016 - 8:35

Кина изведе први воени вежби од носач на авиони

Кинеската армија соопшти дека во Жолтото Море извршила први вежби на групи бродови на чело со носачот на авиони Лиаонинг во рамки на кои се извршени серија полети на борбени авиони, акции за спасување и вежби на борби во воздух.

Кинеското МО објави синоќа дека воените вежби се изведени пред неколку дена и дека е планирано продолжение без прецизирање каде точно се извршени.

Официјален Пекинг соопшти дека носачот на авиони ќе биде користен пред се за обука и истражување.