Балкан
25. February 2021 - 17:45

Кина испраќа дополнителни 500.000 дози вакцини на Србија

На Србија ќе и бидат испратени уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм“ од претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг, соопшти Танјуг.

Оваа голема испорака кинескиот претседател ја договорил со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што потенцира Танјуг, вакцините треба да бидат доставени на 5 март, кога е роденден на претседателот на Србија.