Свет
14. March 2016 - 14:18

Кина и Тајланд преговараат за поврзување со брза пруга вредна 14,5 милијарди долари

Тајландската и кинеската влада се во завршни преговори за потпишување на договор за изградба на брза пруга која ќе го поврзе Бангкок со југот на Кина. Пругата од Каенг Кои до Бангкок ќе биде долга 873 километри и ќе чини 14,5 милијарди долари. На оваа пруга возовите ќе се движат со брзина до 400 километри на час.

Реализацијата на овој инфраструктурен проект треба да заврши до 2.022 година. Кина инсистира гаранциите за кредитот што ќе биде обезбеден од Азиската Банка за инвестиции во инфраструктурата да ги обезбеди тајландската влада. Бидејки Банката, основана кон крајот на минатата година сеуште не започнала со одобрување кредити, каматната стапка, според тајландската влада, ќе треба да се договори на принципот „држава со држава’’.

Како гаранција за кредитот Кина ќе добие и 60 отсто од акциите на новата компанија која ќе управува со брзата железница.