Свет
7. March 2017 - 11:22

Кина и Русија се спротиставуваат на американскиот ПРО систем во Јужна Кореја

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одлучно се спротиставува на американското распоредување на одбранбениот систем против балистичките ракети во Јужна Кореја, откако американската армија соопшти дека првите елементо од систем пристигнале во Јужна Кореја.

Кина се спротиставува на распоредување на американскиот систем на против ракетна одбрана (ПРО) бидејќи силниот радар би можел да влијае врз кинеската безбедност, а тоа нема да придонесе за намалување на тензиите на Корејскиот Полуосторв.

И руското Министерство за надворешни работи соопшти дека распоредувањето на асиметричкиот одбранбен систем против балистички ракети во Јужна Кореја доведува до ситуација на Корејскиот Полуостров во пат позиција,

Американски војници денеска почнаа со распоредување ТХААД системот во Јужна Кореја, еден ден откако Северна Кореја истрела четири балистички ракети крај брегот на Јапонија.

Некои либерални политичари во Сеул сметаат дека користа за безбедноста од распоредувањето на тој систем ќе биде уништена од влошување на односите со Кина и со Русија.

САД и Јужна Кореја сакаат системот за ПРО да биде во оперативна готовност до крајот на годината.