Свет
23. February 2016 - 11:36

Кина и Камбоџа ја зголемуваат воената соработка

Кина и Камбоџа од 2012 година постојано ја зголмуваат воената соработка, така што Пекинг стана најзначаен партнер на Пном Пен во осовременувањето на камбоџанската армија.

Од друга страна, Пном Пен политички и враќа на Кина со тоа што во рамките на АСЕАН го попречува усвојувањето на т.н. заеднички декларации, со кои десетте држави од јгоисточна Азија би го осудиле прогласувањето на речиси целосен суверенитет над големото и територијално спорно Јужно Кинеско Море.

Кина е најголем донатор на воена опрема на Камбоџа, а во помошта е вклучена и целосната изградба и опрема на воен камп во кој се обучуваат офицери и војници.

Со поволен кинески кредит од 200 милиони долари, камбоџанската армија набави 12 модерни хеликоптери, а како знак на благодарност компанијата што ги произведува хеликоптерите и подари 25 транспортери и 30.000 воени униформи.

Од вчера во Камбоџа претстојува еден од најголемите кинески воени бродови Луижоу, придружен од два помали бродови опремени со балистички ракети.

Доаѓањето на кинеските бродови е прогласено како значаен настан и за развојот на камбоџанската Морнарица, што претставува и најава за проширување на воената соработка меѓу двете држави во модернизација на поморските сили.