Loading Video...
Свет
11. March 2018 - 16:38

Кина го смени уставот, претседателот Си Џинпинг ќе може да се кандидира за трет мандат

Кинеското Народно собрание  донесе одлука со која се укинува ограничувањето на претседателот на два последователни мандати.

На седницата за гласале 2958 делегати, против  гласале двајца, а тројца биле воздржани, а еден глас неважечки.

Со оваа измена се овозможува претседателот Си Џинпинг да владее три, па и повеќе мандати по 2023 година, кога истекува неговиот втор мандат. Одредбата  за ограничување е  воведена 1982 година, со цел да се избегне неограничена власт на водачите како во времето на Мао Цетунг.