Свет
23. August 2015 - 9:42

Кина: Еден загинат и девет повредени при експлозија во хемиска фабрика

Најмалку едно лице загина во експлозија вчера во хемиска фабрика во источната кинеска провинција Шандун, а повредени се девет лица, соопшти денеска кинеската агенција Синхуа. 

Експлозијата се случила во 20:40 часот по локално време во округот Хуантај, по што избувнал пожар. 

Хемиската фабрика во која се случи несреќата годишно произведувала до 300 илјади тони адиподинитрил, отровно цијанидно соединение. 

Пожарот во фабриката е изгаснат. Според податоците на локалните власти во зоната на несреќата нема опасност од загадување со опасни хемиски супстанци. Полицијата ги разгледува причините за експлозијата.