Кина блокираше дел од Јужното Кинеско Море поради воени вежби
Само неколку дена откако Судот за арбитража во Хаг го отфрли тврдењето на Кина дека полага право на целата територија на Јужното Kинескo Море, официјален Пекинг денеска соопшти дека дел од морето неделава ќе биде блокиран, поради воени вежби.
Поморската управа на кинескиот остров Хајнан ја извести јавноста дека пристапот кон водната површина југоисточно од оваа покраина ќе биде затворен до четврток. Кинеската морнарица и Министерството за одбрана не ја коментиираа ваквата одлука.
Оваа одлука е донесена за време на тридневната посета на командантот на поморските операции на САД, адмиралот Џон Ричардсон на Кина, на чија што агенда се разговори со неговите кинески колеги за спорот околу Јужното Kинескo Море и за билатералните односи меѓу армиите на двете земји.
Кина уште веднаш ја отфрли пресудата на Хашкиот трибунал донесена минатиот вторник. Процесот пред Судот го иницираа Филипините, а Пекинг одби да учествува во арбитражата.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја