Свет
25. February 2018 - 8:32

Кина бара: САД веднаш да ги укине санкциите поради Северна Кореја бидејќи тоа ги погодува и Кинезите

Кина ги повика САД да престанат да воведуваат еднострани санкции против кинески компании и граѓани поради наводни врски со Северна Кореја.

Апелот е упатен откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера го објави „најголемиот пакет“ санкции против Северна Кореја. Листата вклучува 27 компании, 28 бродови и едно лице – со цел да се пресечат нелегалните извори за финансирање на властите во Пјонгјанг.

Меѓу момпаниите и бродовите има и регистрирани во Кина.

Кина остро реагираше до САД и побара Вашингтон „веднаш да запре со такви погрешни акции за да не и наштетат на билатералната соработка (во однос на прашањето за Северна Кореја), стои во соопштението на официјален Пекинг.