Свет
2. May 2017 - 11:29

Кина бара итно да се прекине работата на системот ТХААД

Кинеските власти денеска побараа итен прекин на контроверзниот противракетен систем ТХААД само неколку часа откако САД потврдија за негова оперативност во Јужна Кореја.

– Ставот на Кина е јасен и цврст. Се противиме на распоредување на системот ТХААД и бараме од релевантните страни итно да прекинат со негово разместување, соопшти портпарол на кинеското МНР.

Џенг Шуанг додаде дека Кина одлучно ќе преземе мерки да ги заштити своите интереси.

Американските власти претходно објавија дека системот достигнал почетна способност за пресретнување. Вашингтон и Сеул се договорија ТХААД  системот да почне да функционира од јули