Loading Video...
Свет
24. April 2019 - 19:45

Ким во Русија дочекан со леб и сол

Ким Џонг Ун  пристигна во Русија на првата билатерална средба со Владимир Путин.

Жени облечени во  руска народна носија го пречекаа гостинот тардиционално со леб и сол.

Средбата на првите луѓе на Русија и Северна Кореја ќе се одржи утре во Владивосток. 

Главните теми ќе бидат нуклеарната програма на Северна Короеја и заедничките економски интереси.

Според аналитичарите, самитот во Владивосток  е  порака на Москва до Вашинтогн и Сеул дека Русија е важен играч и дека треба да биде вклучена кога се дискутираат корејските прашања.