Свет
27. April 2018 - 10:06

Ким во Јужна Кореа поведе преубави телохранители - трчкаа покрај неговиот автомобил и ги залудеа жените овие мачо момци

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг -ун кој се наоѓа во Јужна Кореа, има силно обезбедување, но посебно внимание во медиумите и секако кај женската публика привлекоа 12-те згодни и убави телеохранители, кои трчаа покрај неговата лимузина.

Разговорите на првата историска средба на лидерите на двете Кореи, Ким Џонг 0ун и Мун Џае - ин беа искрени и сериозни. Кога дојде време за ручек, Ким влезе во луксузната лимузина „мерцедес бенц“ С класа и се врати во Јужна Кореа, а покрај автомобилот, во придружба трчкаа 12 негови телохранители.

Ким се пошегува дека срцето му биело како лудо зошто е свесен дека пишува историја, па се потрудил и неговото обезбедување да се солидаризира со него.