Ким: Русија има право на самоодбрана
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на вчерашната средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана.
Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел“ па затоа Русија мора нешто да преземе за „непријателските сили да ја платат цената“.
Лидерот на Северна Кореја најави продлабочување на соработката со Русија во сите сфери, вклучително и воената, во согласност со Договорот за стратешко партнерство.
Севернокорејската новинска агенција (КЦНА) не наведува дали Ким и Белоусов разговарале за севернокорејските трупи кои се борат на страната на Русија во војната против Украина.
Според тврдењата на Пентагон и Украина, за Русија се борат околу 11,0000 севернокорејски војници.
Ново на Сител
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег