Ким објави видео од кое замрзнува крвта - Еве што ќе направиме со светот!
Северна Кореја објави видео снимка со која се заканува со испалување на ракети во близина на американската територија Гуам, истовремено заканувајќи и се на САД со „немилосрдна освета“ поради игнорирање на предупредувањата на Пјонјанг во врска со американските воени вежби со Јужна Кореја.
На снимката се гледа во „главна улога“ американскиот претседател Доналд Трамп, и тоа покрај гробишта полни со крстови, додека потпртседателот Мајк Пенс е прикажан опкружен во оган.
Во овој краток „воен филм“ прикажан е и островот Гуам под „дожд“ од балистички ракети со среден дострел.
- Американците треба да живеат со широко отворени очи. Ќе ги мачат деноноќни ракети „хвасонг-12“, при што нема да знаат кога ќе бидат лансирани. Ќе бидат во нервно растроство, се наведува во преводот пренесува јужно корејската агенција Јонхап.
Северна Кореја на снимката порачува дека „само сака американските политички креатори озбилно и двапати да размислат пред очигледниот исход (војна)“, а покрај тој натпис е прикажана фотографија од министерот за одбрана на САД Џејмс Матис и додатно предупредување: „Времето не е на страната на САД“.
Со оглед на тоа дека заедничките воени вежби на САД и Јужна Кореја денес продолжија, Северна Кореја ја заостри реториката, предупредувајќи го Вашингтон дека се лаже ако мисли дека Пјонгјанг „ќе седи со скрстени раце“.
- САД не би требало да заборават на фактот дека Северна Кореја ги следи нивните потези со прстот на копчето, спремна да испали огнен дожд во било кој момент, предупредува севернокорејската агенција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица