Џет-Сет
29. December 2015 - 13:38

Ким Кардашијан за Божик доби 150 подароци од Канје

Од кога ја почнаа врската, Канје Вест својата драга Ким Кардашијан ја кити со скапоцени подароци, па така беше и овој Божик.

Ријалити ѕвездата под новогодишната елка овој пат најде 150 подароци кои ги купил познатот рапер.

На секоја кутија завиткана во луксузна хартија и украдена со голема машна пишувало: За Ким од Канје.

Меѓу подароците имало и скапоцена бунда, брендирани фустанлиња и костуми. За да и купи што поубави подароци на својата сакана, Канје својот асистент го испратил во Италија, а тој по Скајп му давал инструкции.

Како што наведуваат американските медиуми, Канје за подароците за Ким потрошил над 100.000 долари.