Џет-Сет
21. September 2017 - 11:57

Ким Кардашијан во минијатурно бикини парадира на плажа во Малибу

Неодамна изјави дека моментално е во најдобрата форма во животот, благодарение на промената на фитнес режимот.
 
Па, секако, додека е во топ форма, го искористи денот во Малибу да се расоблече во минијатурно бикини.
 
Ријалити ѕвездата го откри секој сантиметар кожа во висока танга и минијатурни триаголници, целосно покажувајќи го фамозниот задник.
 
Овојпат, Ким повторно без Фотошоп, но сепак целулитот од пред неколку месеци е помалку очигледен.