Џет-Сет
11. August 2016 - 12:33

Ким Кардашијан повторно жари и пали на социјалните мрежи

Најпознатата старлета на светот, Ким Кардашијан, драстично ослабе и само неколку килограми ја делат од иделаната тежина.

Ким папараците ја фатија како излегва од еден познат ресторан во Лос Анџелес. Сите беа воодушевени од нејзиниот изглед, поточно колку успеа да ослаби.

По второто породување тврдеше дека ослабнала дури 20 килограми, а многумина коментираа дека тоа не е вистина и дека Ким изгледа слаба поради мидерот што го носи под тесните фустанчија, а и поради фотошопот.

Дека и самата на себе си е горда докажа со едно кратко видео на Снепчет во кое позира во црното фустанче и зборува: Друштво, зарем мојата половина ви изгледа фотошопирана? Неверојатно, секој ден е се помала, вели таа.

Претходно тој ден таа со фановите сподели дека е само 2 килограми подалеку од својата конечна цел.