Свет
7. February 2018 - 11:25

Ким ја праќа сестрата во Јужна Кореја на отварањето на ЗОИ: Прв член на моќната династија во посета на соседите уште од 1953 - двете Кореи ќе маршираат под едно знаме

Поголем дел од севернокорејската делегација од 280 членови, вклучувајќи и тим од навивачи, пристигнал денес во Пјонгчанг.
 
Влијателната сестра на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, ќе присуствува на церемонијата за отворање на Зимските олимписки игри во петок, која се одржува во Пјонгчанг во Јужна Кореја, велат властите во Сеул. 
 
 
Таа на церемонијата на отворањето на ЗОИ ќе дојде заедно со церемонијалниот шеф на државата, претседателот на парламентот, Ким Јонг Нам.
 
Ким Јо Јонг е најмлада ќерка на покојниот лидер Ким Јонг Ил, а улогата и била засилена минатата година, кога била унапредена. Таа ќе биде прв член на династијата Ким кој ќе ја посети Јужна Кореја, откако полуостровот се поделил на два дела во 1953. година.
 
Таа е помлада сестра на севернокорејскиот лидер, со кој е многу блиска и со кого живеела заедно за време на нивните студии во Берн во Швајцарија.
 
Нејзина главна улога е, како што се наведува, да се гржи за имиџот на својот брат во јавноста преку режимските медиуми.
 
Северна и Јужна Кореја на церемонијата на отворањето ќе маршираат под исто знаме. Учеството на Северна Кореја се гледа како одмрзнување на билатералните врски.
 
Меѓутоа, експертите велат дека е малку веројатно тоа да има влијание на нуклеарните амбиции на Северот.
 
Ким Јо Јонг ќе биде придружена од делегација од Северна Кореја, а нејзиното присуство било најавена во текот на минатиот викенд.
 
Поголем дел од севернокорејската делегација од 280 членови, вклучувајќи и тим од навивачи, пристигнал денес во Пјонгчанг.