Свет
29. October 2016 - 14:02

Ким Џонг-ун стана акционен херој

Севернокорејските власти објавија ново пропагандно видео, во кое главна улога има лидерот на земјата Ким Џонг-ун.

Како што јавија западните медиуми, во видеото севернокорејскиот лидер е прикажан како акционен херој. 

Во видеото, кое трае повеќе од еден час, Ким управува со авион, се вози подморница и пука од пишол, додека лежерно разговара со војници и за цело тоа време му аплаудираат група луѓе.