Loading Video...
Свет
4. јуни 2018 - 17:30

Ким џонг Ун прави чистка во војската

Тројца  припадници од највисок ранг од војската на Северна Кореја се сменети од своите позиции.Како што пренесува  јужнокорејската новинска агенција Јонхапт повикувајќи се на севернокорејски извори, наведува дека се сменети заменик министерот за војска, началникот на генералштабот и директорот на политичката управа на војската.  Засега останува непознато на што се должи оваа одлука на Ким Џонг Ун.