Свет
5. February 2018 - 18:48

Ким Џонг-ун годишно на алкохол троши над 30 милиони долари

Здравјето на претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е влошено по догогодишното конзумирање на големи количества алкохол и мрсна храна.

Откриено е дека „големиот лидер“ воопшто не внимава колку јаде и пие уште од тинејџерските години. Неофицијално, Ким годишно троши повеќе од 30 милиони долари на алкохол, а омилени пијалаци му се најскапите виски и шампањско. Ким ужива и во француски цигари, а цената на една кутија е 44 долари.

Севернокорејскиот лидер најмногу сака да јаде бифтек од кобеанско говедо и разни видови сирења, а јаде и многу суши.

Според медиумите поради дебелината Ким има многу здравствени проблеми, како висок крвен притисок и дијабетис.