Ким Џонг-ун го потврди продлабочувањето на соработката со Москва
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун уште еднаш го потврди продлабочувањето на соработката со Москва во порака до претседателот Владимир Путин.
По повод одбележувањето на годишнината од независноста од јапонската колонијална власт, Ким Џонг-ун му испрати порака на Путин во која го потврдува продлабочувањето на соработката со Русија, јави државната новинска агенција КЦНА, пренесе Хина.
Корејскиот лидер порача дека Русија ќе победи во „светата војна за мир и правда“, пренесува КЦНА.
Тоа беше одговор на честитката на Путин по повод годишнината од Денот на ослободувањето на 15 август, во која рускиот лидер рече дека врската создадена додека советските војници се бореле против Јапонија сè уште служи како основа на нивната врска.
„Пријателските чувства на армиите и народите на двете земји ковани и продлабочени во крвавата битка против заедничкиот непријател служат како силна движечка сила за развој на односите на пријателство и соработка во сеопфатно стратешко партнерство и непобедливо пријателство“ изјави Ким во пораката до рускиот лидер.
Ким и Путин во јуни во Пјонгјанг го имаа својот втор самит за помалку од една година, притоа и потпишаа пакт за „сеопфатно стратешко партнерство“, што вклучува договор за заемна одбрана.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на планиските премини Ѓавато и Страцин
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски